Категории

Започна натпреварот за зелени бизнис идеи: секоја година македонски идеи освојуваат 10 000 долари на регионално ниво, аплицирајте за да ја продолжиме традицијата

Здружението за социјални иновации „АРНО“ и оваа година го објави конкурсот за поддршка на зелени бизнис идеи кои се иновативни, поттикнувааат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и користат ресурси од локалната заедница. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk, рокот за аплицирање е до 20 јуни, 2018 год.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина. Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натрпевар каде победниците на националните конкурси, по 3-ца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји. Минатата година Македонија имаше дури два победника: Еко-магионичарот Кристиан Шопов познат со неговата моментална иницијатива „Хокус Покус-рециклирањето е во фокус“ и стартапот„ Храна за сите“ кој нуди онлајн продажба и донација на непордадена храна од угостителските објекти. Деталите за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832 или на e-mail [email protected]

Здружението за социјални иновации „АРНО“, четврта година по ред, го администрира националниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ и се гордее на македонските победнички идеи: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.) ,инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова – „СПИН“ (2016 год) и минатогодшините иницијативи кои оддекнаа во јавноста: еко-илузиите на магионичарот Кристиан Шопов, и стартапот на Јане Заевски и тимот кој ја основа платфромата „Храна за сите“ преку која угоститески објекти продаваат и донираат таканеречена “last minute“ храна. Натпреварот функционира преку поставени и проверени критериуми и процеси кои обезбедуваат транспарентен избор на победнички идеи во сите земји. Употребата на локалното знаење, вештини и локални ресурси се дел од насоките за сите апликанти. Никаква употреба на фосилно гориво, намалување на штетите врр природата, нови вработувања, вистинска самоодржливост и оригиналност се дел од критериумите за оценување. „Има прекрасни идеи во Македонија, и убедени сме дека многу од нив заслужуваат поддршка. Ние имаме историја на социјално прептримеништво,како народ со ваква исотриај и контекст ние знаеме да балансираме помеѓу комерцијалното и социјалното, помеѓу профитот и бенефитот за пошироката заедница. Ова е обид дополнително да ги инспирираме луѓето и за зелена економија, за бизнисите кои ќе покажат дека може и да и помогнеме, а не одмогнеме на природата. “ – изјави Ирина Јаневска, Координатор на проектот.