Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈУНИ 2018)

Овен

Овен

Kариера и пари:

Овој месец ќе имате потреба за поголема приватност и за поблизок контакт со природата. Многу е веројатно дека ќе почнете да работите од дома. Јуни ќе биде добар месец за поправање на работи низ дома или за повторно преговарање на некој договор за закуп. Финансиската состојба ќе ви биде добра и стабилна.

Здравје:

Месецов ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Релаксирајте се со читање на книга, проештки и пријатни разговори со најблиските.

Љубов:

Планетата Марс, која ќе биде лоцирана во куќата на паровите во овен, ќе ви помогне работите да се одвиваат онака како што вие сакате. Последната недела од јуни ќе ви донесе среќни и релаксирачки моменти, како и еден важен состанок.

Совет: Избегнувајте конфликти.

Бик

Бик

Кариера и пари:

Ова е месец во кој ќе работите макотрпном, но со задоволство. Вашиот професионален живот ќе биде динамичен, а соработката со вашите колеги ќе ви оди одлично. Иако ќе бидете материјално наградени за вашиот труд, сепак добро би ви било парите да ги заштедите за летниот одмор.

Здравје:

Планетата Венера ќе ви донесе оптимизам и добро расположение во првите две недели од јуни. Ова дефинитивно ќе биде месецот кога вашата убавина ќе биде најизразена. Во последната недела од месецот препорачливо ви е да бидете внимателни, бидејќи постои можност за мала настинка.

Љубов:

Венера, планетата на сензуалност уи хармонијата, ќе биде лоцирана во Бик сѐ до 23 јуни. Нејзиното присуство ќе резултира со бројни бенефиции во вашиот љубовен живот. Во овој период ќе изгледате попривлечно и ќе добивате многу покани за состаноци.

Совет: Забавувајте се што е можно повеќе.

Близнаци

Близнаци

Кариера и пари:

Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во Близнаци и традиционално ќе ви донесе успех. Вашиот авторитет ќе се зацврсти, а вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе имате сѐ што ви е потреебно за да започнете нови проекти. Од друга страна, треба да бидете внимателни со парите и да избегнувате какви било трансакции.

Здравје:

Ќе се чувствувате многу енергично и позитивно, особено во првите две недели од јуни. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење.

Љубов:

Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици

Совет: Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

Рак

Рак

Kaриера и пари:

Првите две недели од овој месец ќе ви бидат поволни за градење стратегии и за анализи на работното место. Во последната недела од јуни, можно е да се сочите со мала финансиска загуба. Но, до крајот на месецот, повеќето работи би требало да се решат.

Здравје:

Ова нема да биде многу пријатен месец за вас, кога се работи за здравјето. Ќе се чувствувате постојано како да сте отсутни, а вашата концентрација нема да биде на ниво. Бидете внимателни на 12ти и 13ти јуни, бидејќи тогаш е затемнувањето на месечината.

Љубов:Овој месец, планетата Венера ќе шири шарм во 11-тата куќа на Рак. Вашиот социјален живот ќе биде на највисоко ниво, а ќе присуствувате и на повеќе важни настани каде ќе имате можност да запознаете неколку луѓе кои ќе ви се допаднат. На крајот од месецот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.

Совет: Пишувајте, цртајте, бидете креативни!

 

1 2 3

Прегледи:
1247
Ознаки:
· ·
Објавено на:
31.05.2018