Категории

Анџелина Џоли може да го изгуби старателството врз своите 6 деца?

Процесот на разводот помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се уште не се ближи до својот крај, со обзир на тоа дека станува збор за старателството над нивните шест деца.

Актерката добила привремено и потполно старателство и нејзините деца живеат со неа. Џоли ги води со себе на сите свои патувања, а ова лето нејзините деца ќе го поминат во Британија бидејќи таа таму го снима второто продолжение од својот филм. Но, Бред Пит не е задоволен со моменталната ситуација.

Актерот засега има право да ги посетува децата во Лондон на неколку денови во јуни и јули. Од 27. јуни до 1. јули ќе има право да помине со нив до десет часови на ден, а во јули од осум до четиринаесет часови на ден.

 

Иако најпрво го обвини за малтретирање на нивниот посвоен син Медокс, тие обвинувања се отфрлени и Бред сега сака да поминува повеќе време со нив. Судот во Лос Анџелес се сложува со Бред, а Анџелина добила наредба дека нејзиниот сопруг мора да добие повеќе време со своите деца, во спротивно таа ќе го изгуби старателството врз нив.

Најстариот син Медокс наводно ќе може да бира со кој од родителите сака да поминува повеќе време бидејќи има 16 години. Додека Бред ги гледа своите деца со нив мора да биде и психолог, а Анџелина мора да му ги даде сите броеви од мобилните телефони на своите деца за редовно да бидат во контакт со него. Доколку не ги исполни овие услови, ризикува да го изгуби старателството.

Прегледи:
414
Објавено на:
14.06.2018