Категории

Рестартирајте се: 5 знаци дека ви е потребен одмор

Во модерното време во кое живееме, честопати забораваме да го слушаме своето тело кое ни укажува дека е време за пауза. Работата е важен дел од нашиот живот, но не смееме да заборавиме ии на одморот од време на време. На некои луѓе, одморот им е повеќе од потребен, а тоа може да се почувствува кога ќе се појават одредени знаци.

Нервозни сте на работното место

Дури и кога не сте свесни дека ви е потребен одмор, тоа може да се види преку вашето однесување. Нервозата станува очигледна и влијае на сите колеги околу вас. Доколку сфатите дека се ве иритира, а не знаете зошто, тоа значи дека е време за пауза.

Немате никаква желба за работа

На сите не се случува да дојде момент кога не ни се работи. Колку и да е вообичаено, доколку се случи да немате никаква желба за работа во моменти кога имате многу обврски, значи дека е време за одмор.

Лош сон

Доколку спиете лошо и поради тоа сте нервозни, мора да преземете нешто за да се ослободите од тоа чувство. Меѓутоа, доколку ни промената на перницата или начинот на спиење не помогнат, размислете да земете барем неколку слободни денови за да се опуштите и наспиете.

Ја впивате негативната енергија на луѓето околу вас

Негативното расположение е лесно преносливо на работното место, но најчесто тоа чувство заминува со иста брзина како што доаѓа. Кога сте опкружени со луѓе кои постојано се жалат дека им е лошо, тоа ќе се пренесе и на вас, а еден добар начин да се ослободите од тоа е да отидете на одмор.

Не сакате да им помогнете на другите

Кога се чувствувате лошо, нивото на емпатија кон колегите е пониско од вообичаено. Бидејќи за нормална и квалитетна работа, неопходно е да имате разбирање за другите и да бидете тимски играч, земете слободно време за себе за да го вратите вообичаеното работно расположение.

Прегледи:
532
Објавено на:
18.06.2018