Во интервјуто за магазинот The Edit, Викторија Бекам открила дека со секој свој оброк јаде лосос. Нејзиниот доктор ја советувал да јаде лосос за појадок, ручек и вечера за да има совршена кожа.
Таа намирница е полна со Омега 3 масни киселини кои ја прават кожата сјајна и ги зацврстуваат коските. Богата е со протеини и витамините А и Ц, но не можеме да се сложиме дека е здраво да се јаде толку риба на дневно ниво, а не е ни одговорно земајќи в предвид дека на тој начин премногу се уништуваат рибите и се загадува околината.