Категории

Зошто е важно редовно да јадете диња?

Доколку преку лето сакате да се храните со намирница која истовремено е вкусна и носи многу благодети за вашиот организам, тогаш најдобро е да се одлучите за диња.

Како што тврдат нутриционистите, дињите се хранливи и нискокалорични, освежуваат, а поради огромните количини на антиоксидансот бета – каротен, помагаат во спречувањето на ризикот од настанувањето на некои видови рак. Дињата содржи и многу калиум, како и витамините А и Ц. Ако сте на диета, дињата е одлично решение. Можете да ја јадете колку што сакате, без размислување за бројот на калории. Во себе содржи голем процент на вода, околу 90%, а многу малку шеќер, околу 10%.  Исто така, содржи многу витамини и минерали.

На 100 грама, дињата има 29 калории, што ја вбројува во нискокалорични овошја. Содржи многу калиум поради значителното количесто на витаминот А, а бидејќи содржи и витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор и биотин, дињата би требало да се консумира во големи количини.

Тајната на дињата е во големата количина вода. Таа нема само да ви ја изгаси жедта, туку и нејзиниот сок може да ве заштити од изгорениците по сончањето, како и од штетното дејство на УВ зрачењето. Дињите се богати со состојки кои му помагаат на организмот да се заштити од штетните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата.

Освен плодот, кој е добар за отстранување на вишокот вода од организмот, можат да се јадат и сушените семки од дињата кои особено се препорачуваат на луѓето кои боледуваат од болести на бубрезите. Калиумот му помага на организмот да се ослободи од вишокот натриум и на тој начин да се намали зголемениот крвен притисок.

Прегледи:
716
Објавено на:
09.07.2018