Доколку сакате да приготвите некој вкусен десерт, ова е вистинскиот избор.
Состојки за подлогата:
- 200 г брашно
- 1 лажица прашок за пециво
- 75 г шеќер
- 1 јајце
- 100 г путер
Состојки за фил од вишна:
- 720 г вишни
- 25 г густин
- 2-3 лажички шеќер
Состојки за филот од сирење:
- 4 јајца
- 400 г свежо сирење
- 300 г кисела павлака
- 125 г шеќер
- 50 г скробно брашно
- кора од 1 лимон
- 125 мл млеко
Состојки за чоколаден прелив:
- 250 г млечно чоколадо
- 200 мл слатка павлака
- 50 г путер
Подготовка:
За тестото помешајте ги сите состојки. Растегнете го и исечете круг за калап од 26 цм. Со остатокот обложете ги ивиците на плехот. Вишните и шеќерот ставете ги на шпорет, па со малку сок кој сте го одвоиле разматете го густинот.Кога ќе зоврие додадете го густинот на вишните и варете додека не стане густо и прозирно. Ладете го додека не стане млако, а потоа премачкајте го тестото во плехот. За филот од сирење најпрво изматете ги белките со шеќер. Останатите состојки ставете ги во друг сад и нив измешајте ги. Додадете ја масата од сирењето на белките, и добро изматете. Прелијте на вишните и ставете да се пече на 180 °C околу час и 10 минути.
Тортата ставете ја да се олади и потоа ставете ја во фрижидер неколку часа. Кога ќе се олади подгответе го преливот од чоколадо и слатката павлака на пареа, кога ќе се растопи измешајте го путерот, малку оладете и прелијте ја тортата. Оладете ја во фрижидер и потоа тортата е подготвена за сервирање.