Џенифер Лопез во последно време најчесто ја гледаме во спортски изданија во кои се истакнува нејзината одлична фигура и одличен изглед.
Една од најпопуларните пејачки на денешницата, славната Џеј Ло, покрај совршената кариера и семејство успева да одржи и совршена топ форма. Тоа го покажала уште еднаш позирајќи со своите танчерки најавувајќи ги концерите во Лас Вегас.
„Јас и девојките се подготвуваме за првиот од петнаесетте настапи во Вегас“, напишала 49-годишната пејачка облечена во шарени хеланки кои во последно време и се омилена облека.
Џенифер секој слободен момент го поминува вежбајќи во теретана за да го одржи своето тело во топ форма, што очигледно не и претставува никаков проблем. Со убавината на својата девојка се гордее и Алекс Родригез кој исто така честопати објавува нејзини фотографии и и изјавува љубов на Инстаграм, а заедно поминуваат и многу време во теретана.