Оваа пита се подготвува на едноставен начин, а резултатот е фантастичен оброк за целото семејство.
Состојки:
- 280 г. купечки кори
- 2 јајца
- 100 мл јогурт
- 100 мл млеко
- 100 мл масло
- 150 мл кисела вода
- 1 лажичка сол
Подготовка:
Пресечете ги корите на половина по должината, па секоја половина соберете ја како што е прикажано на видеото и редете ги во подмачканиот плех.
Во сад измешајте ги јајцата, јогуртот, млекото, маслото, солта, киселата вода и изматете. Прелијте ја смесата преку корите. Ставете ја питата во рерна загреана на 200 степени и печете 30 минути. Готовата пита прелијте ја со стопениот путер. Готовата пита можете да ја прелиете и со кисело млеко и лук по желба.