Категории

Сепак не е толку добра како што изгледа? Меган го малтретира персоналот, а со Хари манипулира!

Откако е откриено дека по само шест месеци таинствената Мелиса, поранешната асистентка на Меган Маркл, дала отказ, повторно започнаа шпекулациите дека војвотката од Сасекс не е ни малку онаква каква што се прикажува во јавноста.

Американската миленичка наводно не е баш толку добра, а за тоа се зборува уште од времето кога Холивуд бил само нејзин сон.

Уште на почетокот на нејзината врска со Хари, за нејзиниот карактер проговорила нејзината тогашна агентка, опишувајќи ја како личност со која е прилично тешко да се работи. По нејзините кажувања, 36-годишната војвотка од Сасекс мрази негативност и силно е фокусирана на тоа да го добие она што го посакува, поради што ќе ги прекине сите контакти со личноста која би ги довела под знак прашање нејзините одлуки.

Иако Меган секогаш била топла и исклучиво харизматична личност, сѐ се променило откако го запознала принцот, а клучната трансформација се случила во септември 2016. година, кога присуствувала на настанот „Еден млад свет во Отава“.

На молба на новинар да му одговори на неколку прашања, Меган безобразно одговорила дека може да зборува со нејзината агентка. „Бев во шок бидејќи тоа никогаш претходно го немаше направено. Секогаш била топла и пријателски настроена. Од тој момент со неа стана многу тешко да се работи, особено за нешта кои не беа во нејзиниот распоред.“

Нејзиниот променлив каракер на своја кожа го почувствувал и принцот Хари, но изгледа тој сѐ уште е премногу заљубен во неа, па се и простува. Имено, Хари наводно поради Меган морал да престане да пуши, но и да се дружи со пријатели кои ги познава од мали нозе.

„Сѐ е тоа дел од нејзиниот план да го преобрати Хари и да обликува нов, доследен и послушен член на кралското семејство. Не сака никакви афери, киксеви и скандали. Освен тоа, парот планира семејство, па моментално се сконцентрирани на тоа“, изјавил еден неименуван извор за британските таблоиди.