Категории

#365среќа Мимоза Галевска: „Живееме во дигитален свет. Маркетингот е иновативен, врзан со технологија и постојано се учи нешто ново“

Дигиталниот маркетинг е област во маркетингот која креира онлајн стратегии за брендирање и побарувачката на компанијата. Земајќи го в предвид фактот дека околу 80% од луѓето користат интернет и слободното време го поминуваат пред компјутер или телефон, воопшто не е зачудувачки фактот што дигиталниот маркетинг е област која е позастапена и од обичниот маркетинг.

Во ова издание на #365среќа разговараме со Мимоза Галевска која работи дигитален маркетинг како дел од маркетинг тимот на Бонати.

1. Маркетингот не само што ја задоволува побарувачката и потребата на потрошувачот, тој всушност помага при нивното креирање, а сето тоа започнува кога ќе се разбере потенцијалот на потрошувачот. Што беше пресудно кај тебе за да започнеш да се занимаваш со маркетинг?

Уште при крајот на студирањето почнав да размислувам што сакам и каде сакам да работам. Не можев да се замислам во премногу строга и официјална атмосфера. Во маркетинг се пронајдов затоа што во него има креативност, можеме да пренесеме порака, приказна.. Маркетингот е иновативен, врзан со технологија, бројки и калкулации (аналитика) и постојано се учи нешто ново. Постојано се следат трендови, постојано има промени и никогаш не е досаден :)

2. Бонати претставува бренд со специјализирани продавници за машка и женска долна облека, пижами, костими за капење, хулахопки и чорапи од брендовите Bonatti и Fiore. Од досегашното искуство, можеме ли да заклучиме дека луѓето посветуваат доволно внимание на својот изглед и парчињата облека кои ги избираат?

Секоја девојка и жена сака да изгледа убаво, заводливо а притоа да се чувствува удобно и комфорно. Точно, женската популација навистина посветува внимание на својот изглед. Производите на Бонати токму тоа и го нудат, удобност и квалитет. Прекрасните дизајни и кроеви ги воодушевуваат сите. Покрај женската популација, рамнодушна не останува и машката популација, која го препознава квалитетот на софистицираните и неодоливи модели кои може да се најдат во нашите продавници.


3. Луѓето кои се реализирани како на приватно, така и на професионално поле важат за среќни и исполнети личности. Што е она што ве прави вас среќна?

Среќна ме прават моменти поминати со личности кои ги сакам, семејството и пријателите, времето поминато во природа, кога запознавам млади позитивни личности полни со ентузијазам.

4. За да се разберат потребите на потрошувачот пак, потребни се бројни истражувања, анализи и методи кои воопшто не е едноставно да се применат соодветно за да се постигне посакуваниот ефект – одлична продажба на производот. Колкаво влијание има дигиталниот маркетинг врз целокупниот успех на компанијата?

Дигиталниот маркетинг зема се поголем замав. We live in digital world :) Интернетот е МНОГУ позастапен, особено кај помладите, за разлика од телевизијата, радиото и списанијата. Сите информации ги добиваме од интернет. Токму во интерес на потребите Бонати ја отвори и онлајн продавницата bonatti.mk, каде во секое време со само еден клик секој може да си го купи своето омилено парче и истото да му биде донесено на врата.

5. На крајот на оваа година, кои се твоите желби за новата година и што би им порачала на читателите на среќа.мк?

Здравје, многу СРЕЌА и љубов.  Многу убави моменти вредни за паметење и вистинска модна авантура со моделите на Бонати.