На новогодишната ноќ, при експлозија на гас во рускиот град Магнитогорск се срушила зграда. При несреќата во која животот го загубиле најмалку 30 жртви, а дестина се водат како исчезнати, 36 часа по експлозијата, 11-месечно бебенце беше пронајдено живо под урнатините, откако спасувачите го слушнале неговиот плач.
Фактот дека бебето преживеа 36 часа на температура околу минус 20 Целзиусови степени неговиот татко го нарекува „новогодишно чудо“.
На снимката се забележува дека бебенцето не е топло облечено, па спасувачите изјавиле дека тоа веројатно се спасило бидејќи за време на несреќата се наоѓало во детското креветче, завиткано со ќебе. „Спиев на каучот преграната со мојот постар син, а помалиот спиеше во неговото креветче“ – изјавила мајката.
Бебето е тешко повредено, но моментално се наоѓа во стабилна состојба во болница во Москва.