Категории

Полнето совршенство од рерна: Селски компир со сланина и кајмак! (РЕЦЕПТ)

Компир подготвен на овој начин можете да го јадете секој ден и нема да ви здодее!

Состојки:

  • компири колку што ви се потребни
  • свинска маст или путер за убаво да се премачка дното на плехот
  • неколку парчиња сланина (може и без неа)
  • малку сок од лимон
  • малку кајмак (во недостаток може и крем сир)
  • 1-2 чешниња лук
  • сечкан свеж магдонос
  • сол

Подготовка:

  • Компирот ставете го да се вари и оставете го да врие нешто помалку од 10 минути. Ако е млад, доволно се и 5 минути.
  • Плехот во кој ќе печете подмачкајте го со многу маст или путер.
  • Не се препорачува зејтин, иако маслоново масло може да дојде в предвид.
  • Компирите посолете ги, поголемите расечете ги на два дела, наредете ги во плехот и секој од нив покријте ги со парче сланина.
  • Ставете ги во рерната загреана на 250 степени. Колку време ќе ви биде потребно зависи од големината на компирите, а ќе знаете дека е готов по кафеавата боја на кората.
  • Пред крајот на печењето извадете ги од рерна и наросете ги со многу ситно исечканиот лук.
  • Кога и лукот ќе пушти малку мирис, извадете го плехот, исцедете малку лимонов сок и одозгора ставете магдонос.
  • Со кајмакот прелијте ги компирите кога ќе ги сервирате.
Прегледи:
932
Објавено на:
18.01.2019