Категории

15 причини зошто треба да започнете со третмани за нега на кожата!

Како и срцето, стомакот и мозокот, така и кожата претставува орган. Всушност, таа е најголемиот орган на вашето тело, но честопати ја запоставуваме. Освен кога имаме проблем, не размислуваме премногу за кожата. Но, кожата е наша заштита, ги спречува инфекциите да влезат во телото, а кога се грижите за својата кожа и помагате да ја врши својата задача. Негуваната кожа ќе ви помогне да ги спречите проблемите кои може да настанат во иднина, како брчки, акни, па дури и рак на кожа.

Негуваната кожа исто така има многу социјални и ментални придобивки. Ништо не ви дава поголема самодоверба од убавиот изглед. Постојат повеќе видови на проблеми со кожата, козметички и здравствени, но првиот и најдобриот центар за подмладување кај нас, Anti Aging Centar by Promoitalia ви нуди многу решенија. Дел од нив се наоѓаат со користењето на следните третмани, a професионалниот тим на Promoitalia ви ги препорачува следните третмани:

Др. Екатерина Набакова – специјалист по дерматовенерологија и медицинска 
козметологија

PRP третманот е моќен третман против стареење кој вклучува употреба на мало количество од сопствената крв. PRP подразбира одвојување на клетки и протеини кои се наоѓаат во крвта и нивно вбризгување во кожата. На тој начин се подобрува обновувањето на кожата и поткожното ткиво. Дел од крвта по кој методата го добила своето име е PRP (Platelet Reach Plasma)или во превод – плазма богата со тромбоцити.

5 причини зошто да направите ПРП третман

1. Длабинска хидратација на лице
2. Измазување на мимичните брчки како резултат на поттикнување на изработка на колаген и еластин
3. Затворање на порите
4. Изедначување на тенот на лицето
5. Регенерација на лузни

* Препорака за подарок од јануарската промоција: Со купување на ПРП третманот, одберете уште еден ПРП гратис за подобар резултат.

Наташа Гулевска- специјалист по медицинска козметологија

CO2 ласерот е еден од најсовремените нехируршки методи за нега на кожата. Се користи при третирање и на подлабоки брчки, лузни од акни, како и хируршки лузни и белези. Се користи и на деликатни и чувствителни регии како што е пределот околу очите и устата. Исто така е многу ефикасен при оштетувања на кожата од сонце.

5 причини зошто да направите CO2 ласер

1. Подобрување на релјефот на кожата
2. Отстранување на хиперпигментации
3. Лекување на секаков тип на лузни
4. Измазнување на брчки
5. Лифтинг

* Препорака за подарок од јануарската промоција: Со купување на третманот со CO2 ласер, одберете ПРП третман за постигнување на најдобар резултат.

Др. Симона Поповски – доктор по општа медицина

Третманот Celluform претставува нехируршка иглена липосукција за редуцирање на мастите и за подобрување на еластичноста на кожата. Коктелот содржи деоксхолична киселина, никотинамид, соја лецитин и амино киселини.

5 причини зошто да направите иглена мезотерапија за тело – CELLUFORM

1. Препарат за хемиска липосукција
2. Намалување и отстранување на целулитот како и задршката на течности
3. Помага во измазнувањето на кожата
4. Го забрзува метаболизмот
5. Брз и видлив ефект особено во намалувањеро на вашиот обем

*Препорака за подарок од јануарската промоција: Со купување на третманот Celluform, одберете подарок кавитација или криолиполиза.

Искористете ја оваа можност да ја започнете новата година со нов сјај, освежени и подготвени за нови предизвици. Закажете го вашиот термин во Anti Aging by Promoitalia и бидете дел од негуваните дами кои знаат кому да му ја препуштат грижата за својот изглед.

Прегледи:
967
Објавено на:
22.01.2019