Нутриционистите советуваат пред почетокот на диетата да купите мед со проверен квалитет, а предност им се дава на темните видови на мед. Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите 2 до 3 килограми за само 3 денови.
Прв ден
Појадок: 2 сварени жолчки помешајте ги со лажичка мед. Со оброкот пијте и чај со лимон или кафе (без шеќер).
Ручек: 100 г сирење + 50 г обарен морков + 50 г обарена брокула + 50 г обарен карфиол. Сето ова измешајте го во блендер и направете крем. Додаток – чај или кафе со 1 лажичка мед.
Вечера: шолја бистра супа од зеленчук, кришка интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.
Пред да легнете испијте чај со лимон.
Втор ден
Појадок: исто како првиот ден.
Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажичка мед и 100 г младо сирење. Со оброкот пијте и чај со лимон или кафе.
Вечера: 150 г риба или пилешки филети, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.
Трет ден
Појадок: исто како првиот ден + едно јаболко.
Ручек: 50 г сирење, кришка ржен леб и чинија свеж зеленчук со сок од лимон.
Вечера: 300 г обарен зеленчук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед.
Напомена: Секој ден задолжително изедете половина лимон.