Категории

Зошто некои луѓе јадат многу, а воопшто не се дебелеат?

Да се биде слаб изгледа не е само резултат на здравата исхрана, туку и на генетиката. Научниците откриле одредени генетски регии кои им овозможуваат на некои луѓе да бидат слаби. Тим од стручњаци кои го објавиле своето истражување, сметаат дека за виткото тело кај некои луѓе повеќе се заслужни се гените отколку внимавањето во исхраната. 

Стручњаците споредиле примероци од ДНК на 1.600 личности во Велика Британија со индекс телесна маса под 188 со примероци на 2.000 исклучително дебели луѓе и 10.400 луѓе со вообичаена телесна маса. Освен тоа, се земале в предвид детално пополнетите прашалници во кои испитаниците морале да дадат информации за својот стил на живот и потенцијалните пореметувања во исхраната.

Така е откриено дека луѓето со вишок килограми многу често поседуваат гени поврзани со вишокот на килограми. Од друга страна, слабите луѓе имале многу малку од тие гени, но имале и промени во генетските регии кои се поврзуваат со здравото слабеење.

Оваа студија покажала за прв пат дека здравите слаби луѓе се такви бидејќи се помалку оптеретени со лошите гени кои се поврзани со дебелеењето, а не затоа што се морално посупериорни или имаат силна волја, како што честопати сакаат да истакнат.

Сепак, стручњаците истакнуваат дека наспроти овие заклучоци врз состојбата на телото голем дел игра улога и начинот на живот, исхраната, стомачната флора и физичката активност.

Прегледи:
780
Објавено на:
30.01.2019