Категории

Пилешко во вкусен сос: Ручек готов за 30 минути! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт кој се приготвува бргу е идеален за неочекувани гости.

Состојки:

  • околу 300 до 400 гр пилешко бело месо
  • 50 гр стопен маргарин
  • 5 лажички павлака
  • 1 лажичка презла
  • 3 чешниња лук / може и повеќе ако сакате
  • варен компир
  • вегета
  •  сол
  • бибер или некој зачин по желба

Подготовка:

  • Пилешкото бело месо исечете го на шницли
  • Посолете го со вегета или сол
  • Погрижете се добро да впие. По желба може да ставите и бибер за поубав вкус
  • На дното од плехот наредете ги компирите кои претходно сте ги излупиле и исечкале
  • Потоа посолете ги или зачинете ги со вегета
  • Одозгора наредете го белото месо кое претходно сте го потопиле во стопениот маргарин
  • Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, бибер и лук. Промешајте ја смесата и ставете ја на пилешкото
  • Кога ќе ја истрошите павлаката размачкајте ја и јадењето е подготвено за печење
  • На почеток ставете фолија за да не се запече
  • Печете околу 30 минути
  • Пред крај на печењето тргнете ја фолијата малку да се запече.
Прегледи:
762
Објавено на:
04.02.2019