Категории

Другарчињата од класот ги избричиле главите со цел да му ја вратат самодовербата на соученикот!

По дијагностицираната алопеција – ненадејно губење наа косата, 8-годишниот Лук Нелсон ретко кога го напуштал својот дом без капа. Поради губењето на неговата самодоверба, неговите соученици решиле да го поддржат во борбаата со болеста и по зимскиот распуст се појавиле на училиште со избричени глави. 

„За осумгодишниот Лука поради губењето на косата навистина му беше тешко. Откако му падна, тој ја стави капата на главата и постојано се криеше зад неа”, вели неговата мајка, Сузан Нелсон за магазинот „People“.

Косата на момчето минатата есен почнала да паѓа во помали прамени, а до Божиќ немал ниту едно влакно на главата. „Кога тоа се случи, најпрво неговиот брат, Сем, реши да ја избричи главата, а потоа и мојот сопруг го стори истото“, додаде мајката Нелсон.

Потоа истото го направија и неговите соученици од третото одделение. Сите 14 одлучија да го направат овој чекор за да го поддржат своето другарче. „Откако по зимската пауза се вратија на училиште, тие сакаа да го поддржат Лука. Најпрво го прашаа што ќе го направи среќен, па потоа одлучија и тие да ги избричат своите глави”, вели Нелсон.

„Децата постојано се смееја, си даваа пет, славеа и јадеа крофни. Кога Лука сфати дека повеќе не е единствениот кој нема коса, ја соблече капата и со гордост почна да чекори наоколу“, вели неговата мајка, додавајќи дека овој гест од пријателите му го промени животот.

„Сега имам многу поголема самодоверба. Конечно можам да бидам свој. Мислам дека е важно да ја објавите мојата приказна и да им помогнеме и на другите децата кои се сметаат за различни“, вели малиот Лука.

Прегледи:
514
Објавено на:
06.02.2019