Категории

Кое домашно милениче повеќе го сака сопственикот? Мачката или кучето?

Науката докажала кој нѐ сака повеќе! Постои вечна полемика помеѓу луѓето кои чуваат мачки и тие кои чуваат кучиња во однос на љубовта што ја добиваат од миленичињата.

Кучињата најчесто се подружељубиви, слушаат команди и се сметаат за вечен чувар на својот сопственик. Додека пак мачките се познати по нивното мазење. Тим на научници спровеле истражување на 10 мачки и 10 кучиња. Тие го мереле нивото на хормонот окситоцин кај миленичињата пред и после играта со своите сопственици. Инаку, окситоцин е хормон кој се лачи при доживување на убави и среќни моменти.

Според резултатите, кај кучињата по играта со сопствениците нивото на окситоцин било 57,2%. Кај мачките пак, нивото на хормонот било 12%. Според овие податоци кучињата ги сакаат повеќе своите сопственици! Сепак, треба да се земе во предвид и фактот дека мачките се помалку друштвени од кучињата и повеќе се поврзуваат со територијата, а овој експеримент е правен во стерилни услови. Доколку експериментот се изведувал во домот на сопствениците – научниците очекуваат дека количеството на окситоцин кај мачките би било поголемо.

Вие што мислите, кој нѐ сака повеќе?

Прегледи:
512
Објавено на:
20.02.2019