Се убедуваме себе си дека животот ќе ни биде подобар кога ќе се венчаме,потоа кога ќе добиеме бебе, па второ бебе… Потоа сме исфрустрирани затоа што децата се мали и не се самостојни, па ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат.
Потоа сме нервозни бидејќи треба да се караме со тинејџери кои се во своите најлуди години. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе го надминат тој период. Си зборуваме на себе си дека животот ќе ни биде поубав кога ќе купиме нова кола, кога ќе имаме можност да одиме на убаво летување, или кога ќе бидеме во пензија. Вистината е дека не постои подобар момент за среќа од овој сега. Ако не сега, кога? Животот секогаш ќе нѐ соочува со потешкотии. Најдобро е тоа да си го признаеме себе си и да одлучиме да бидеме среќни. Среќата е вистинскиот пат. Затоа, чувајте го секој момент кој го имате и чувајте го уште повеќе затоа што сте го споделиле со некој посебен, доволно посебен штом сте го поминале со него… И запаметете дека времето никого не чека.
Затоа, престанете да чекате…. Да го исплатите автомобилот… Да купите нова куќа… Да се вратите на студии… Да ги завршите студиите… Да изгубите 10 кг… Да добиете 10 кг… Да стапите во брак…. Да се разведете…. Да имате деца… Да добиете пензија… Да дојде лето… Да дојде пролет… Да дојде зима… Да дојде есен…
Нема подобар момент за среќа од овој. Среќата е пат, а не цел. Затоа, бидете среќни!