Според модните експерти, дел од популарните трендови во 2018 година ќе се симнат од модните топ листи. Погледнете за кои парчиња станува збор.
1. Мали наочари за сонце
Минијатурните наочари за сонце го одбележаа летото 2018. Сепак, стручните лица тврдат дека ова лето ќе се вратиме на старите класични наочари.
2. Логоманија
Сите дизајнерски брендови во 2018 година имаа колекции со доминантно лого. Тоа нема да биде случај и оваа година.
3. Ugly Sneakers
Предимензионираните патики кои ја одбележаа минатата година ќе останат во минатото. Оваа година акцентот ќе биде на класичните и едноставни обувки.