Категории

Ова е оригиналниот рецепт за француски тост: Пригответе го и уживајте!

Брз и вкусен оброк кој се приготвува едноставно!

Состојки:

  • 6 парчиња леб
  • 2 јајца
  • 50 мл млеко или слатка павлака
  • 1 лажичка шеќер
  • цимет
  • прстофат сол
  • екстракт ванила
  • путер

Подготовка:

Изматете ги јајцата со вилушка па додадете млеко, шеќер, цимет, сол и ванила и промешајте додека не се соедини. На тавче ставете го путерот да се истопи. Секое парче леб ставете го во смесата од двете страни и ставете го да се пржи. Кога ќе добие боја свртете го од другата страна.

Тостот послужете го со јаворов сируп, мед, слатка павлака и овошје или со состојки по ваша желба.

Добар апетит!

Прегледи:
905
Објавено на:
05.03.2019