Категории

Ах, таа црна мачка! Зошто црната мачка се смета за лош знак?

Дури и денес многу луѓе веруваат дека ако црна мачка им го пресече патот, набргу ќе ги снајде некоја несреќа. Ова суеверие потекнува од пред повеќе илјади години. Старите Еѓипќани ја обожувале мачката и ја сметале за свето животно,а една своја божица по име Пашт, ја претставувале како жена со глава на мачка.

Еѓипќаните верувале дека божицата Пашт има девет животи и тоа дава објаснување зошто многумина мислат дека мачката „има девет животи“. Кога во Египет ќе починела некоја црна мачка, таа веднаш била балсамирана и на тој начин сочувана. Пронајдени се гробишта во кои имало повеќе илјади мумии на црни мачки! Кога луѓето верувале во вештерки, мислеле дека црните мачки се, всушност, преправени вештерки. Затоа не вредело да се убиваат црни мачки, зашто така не можела да се уништи вештерката, бидејќи девет пати можела да влезе во телото на мачката. Во средниот век владеело суеверие дека вештерките и вештерите секогаш го користеле мозокот на црната мачка,кога ги подготвувале и вареле своите таинствени напитоци.