Категории

Само со диета вагата нема да покаже голема промена. Зошто е тоа така?

Луѓето кои се придржуваат на редукциски диети со цел да ги намалат килограмите, но при тоа немаат физичка активност- многу тешко би го постигнале посакуваниот резултат. 
Научниците тврдат дека намалениот внес на калории без физичка активност не е добитна комбинација за помал број на вагата.

Според новото истражување, намалувањето на порциите или замената на вообичаените оброци со поздрави опции, не се доволни за значително намалување на телесната тежина. Научниците од Универзитетот за здравје и наука во Орегон тврдат дека за тој факт виновник е природниот компензациски механизам кој ја намалува физичката активност како одговор на намалениот внес на калории.
Промената во начинот на исхрана помага за да се одржува телесната тежина. Комбинирањето на правилна исхрана и физичка активност е единствен начин за да ја постигнете целта, тврди Judy Cameron, член на тимот истражувачи.


Направено е истражување на 18 мајмуни.
Мајмуните неколку години биле на исхрана со висок процент на масти, а потоа планот за исхрана им е променет и внесот на калориите намален за 30 %.
Еден месец внимателно е следена тежината на мајмуните и нивната физичка активност. До крајот на месецот не е забележано значително намалување на тежината, но е забележана голема промена во активноста на мајмуните. По намалувањето на калорискиот внес се намалила и нивната физичка активност.
Три мајмуни биле издвоени од групата и ги добивале вообичаените секојдневни порции, но секој ден по еден час поминувале на лентата за трчање. Тие изгубиле на тежина.
Студијата го потврдила природниот механизам кој при редукциска диета ја намалува енергијата.
Истражувањето е објавено во научното списание Journal of Physiology – Regulatory, Integrative and Comparative Physiology.

Прегледи:
525
Објавено на:
15.04.2019