Категории

Снежна бајка во пролет: Нов снег на Попова Шапка! (ФОТО)

 

На туристичкиот центар Попова Шапка наврнаа околу триесет сантиметри снег. Снегот почна од паѓа од синоќа.

Вработените во сместувачките капацитети велат дека овој пат снегот навистина изненади. Посочуваат дека цел март не врнело и по месец и половина напролет снегот ја обели снежната убавица Попова Шапка. Не веруваат дека новиот снег кој продолжува да врне по втор пат оваа година ќе ја стартува скијачката сезона, која официјално заврши последниот викенд од месец март.

Метереолозите велат дека снегот ќе паѓа и во текот на утрешниот ден, а од среда се очекува стабилизирање на времето.

Прегледи:
549
Објавено на:
15.04.2019