Во неделата во Македонската опера и балет се одржа 18. издание на „Hair Fair“ во организација на Македонската Фризерска Асоцијација. Станува збор за единствен настан од ваков карактер каде што учество земаат најдобрите фризери од домашен терен, но и Балканот, а фризерите имаа можност да ги покажат своите способности и креативноста.
Меѓу многубројните натпреварувачи, особено се истакнаа фризерите од фризерското студио за мажи, Станче. Имено, на ова натпреварување Тоше од Фризерскиот салон за мажи Станче се закити со првата награда, кој воедно е вице-шампион на Македонија, Сицо го освои второто место, Мики се закити со третото место, а Тафо го освои петтото место.
По прочитаните резултати од овогодинешниот „Hair Fair“ може да се заклучи дека тимот од Фризер за мажи Станче успеаја да издоминираат на ова натпреварување, покажувајќи вештини и талент кои заслужуваат да бидат наградени.