Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.
Ова е празник во чест на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е неподвижен празник и секоја година се одбележува на истиот датум. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.
Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.
Ноќта, наспроти Ѓурѓовден, се собираат зелени гранки во најблиската шума и со нив ги закитуваат вратите и
прозорите на куќите. Ова според христијанското верување се прави за бериќет и здравје во домот, а
исто така и плодови и род по полето, во трлата и шталите.
Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај има уште два празника поврзани со Св. Георгиј и
тие спаѓаат во зимски слави, во ноември и декември.