Категории

Овошни палачинки со јагоди: Толку сочни што се топат во уста! (РЕЦЕПТ)

Совршен десерт за целото семејство!

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 200 г брашно
  • 300 г јагоди
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 50 мл масло
  • ванилин шеќер
  • малку шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ги јајцата со лажица и додадете масло, сол, млеко, брашно, па добро изедначете го тестото, малку погусто отколку за палачинки. Тепсијата подмачкајте ја со масло и загрејте ја. Ставете ја смесата во загреаната тепсија и наредете ги јагодите. Вратете ја тепсијата во рерна и печете на 200 степени Целзиусови 30-40 минути додека не се зарумени. Врз печениот колач ставете шеќер во прав и ванилин шеќер.

Добар апетит!

Прегледи:
675
Објавено на:
20.05.2019