Многумина од нас не се свесни дека нашата планета моментално се соочува со највисока количина на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата досега низ целото постоење на човекот.
Откако се работи на подигнувањето на свеста, поради сведочењето на катастрофите пред нашите очи, почнавме да бараме позитивни иницијативи и решенија кои можат да ја сменат трагичната моментална состојба во која живееме. Но, наместо да се концентрираме на негативното, ви посочуваме една иницијатива која се стреми да го направи најдоброто за луѓето и планетата.
Акшар е прилично нетрадиционално училиште во Индија, каде што учениците носат кеси од пластика секој ден на пат кон училиште.
Ко-основачот на училиштето, Мазин Мухтар објаснува како дошол до оваа идеја откако ја запознал неговата жена во Њујорк во 2013 година.
И двајцата веќе сонувавме да отвориме поразлично училиште специјално дизајнирано за деца кои живеат во сиромаштија. Ја формиравме Акшар истата година кога се запознавме и го отворивме нашето училиште, Акшар Форум, во 2016 година.
Кога го започнавме центарот за рециклирање, родителите најпрво не соработуваа со нас. Така, дојдовме до идејата за „пластични школарини“ за да ги принудиме родителите да рециклираат. Училиштето беше бесплатно со години пред да почнеме со таа политика. Во реалноста, тоа е повеќе како задолжителна домашна задача од училишните такси, но ги нарекуваме пластични школарини за да служат за потсетување на родителите: училиштето е целосно бесплатно, но најмалку што можете да направите е да ни помогнете и да си помогнете со испраќање на вашиот чист, сув пластичен отпад од дома. “
Училиштето ги учи учениците и родителите за штетните ефекти од пластика. Многу родители користеле пластика за да ги загреат своите домови. Откако училиштето започна да ја едуцира заедницата, тие биле шокирани откако научиле за опасностите на кои што ги изложуваат своите деца.