Категории

Куче херој го спаси животот на 7-месечно бебе откако го извлече од пожар! (ВИДЕО)

Оваа случка докажува дека одредени раси на кучиња кои се сметаат за непредвидливи па дури и агресивни всушност не ги заслужуваат тие епитети кои им се препишуваат. Овој пит бул успеа да го спаси животот на 7-месечно бебе откако го извлече од пожар.

Латана Чаи била во својот дом со своето бебе и нејзиниот 8-месечен пит бул Саша кога одеднаш го сушнала кучето во дворот како лае. Веднаш знаела дека нешто не е во ред бидејќи Саша била многу вознемирена и  никогаш претходно не лаела толку силно и интензивно.

Мајката објаснува дека пит булот и нејзиното бебе биле многу блиски. Го поминале секој момент од своите животи заедно со оглед на тоа дека се на иста возраст. Поврзаноста помеѓу кучето и бебето ќе стане уште посилна откако ќе забележат дека куќата на соседот е во пламен.

Откако Латана ја слушнала Саша како лае, ја отворила вратата за да провери што се случува и тогаш го видела пламенот и црниот чад кој доаѓа од куќата на соседот.

Бидејќи огнот се ширел многу бргу, Латана истрчала да ја земе својата ќерка од собата на горниот спрат за да открие дека Саша веќе се обидува безбедно да го извлече бебето, држејќи го во уста за пелените. Потоа, Латана ги извлекла сите надвор од домот на безбедно.

Не е случајно што Саша се нарекува куче херој бидејќи ако не ја предупредела Латана, таа немала да има време да истрча нагоре по скалите да ја земе својата ќерка и сѐ можело да заврши со трагичен крај.

Погледнете го видеото на кое Латана ја раскажува целата ситуација!

Прегледи:
536
Објавено на:
17.06.2019