Многумина се имаат соочено со лоша финансиска состојба. Некои почувствувале финансиски недостаток подолго време, додека други пак пократко. Но, немањето доволно приходи предизвикува низа здравствени проблеми.
Според научниците од Универзитетот во Бостон, лошата финансиска состојба влијае негативно врз здравјето на луѓето.
Според спроведените истражувања, финансиските проблеми го зголемуваат стресот и со тоа се создаваат голем број на здравствени проблеми. Според истражувањата, личностите кои имаат проблем со финансиите имаат поголеми шанси да доживеат мозочен или срцев удар.
Околу 65% од луѓето кои се соочуваат со финансиска криза чувствуваат напнатост во грбните мускули. Речиси 30% од луѓето кои учествувале во истражувањата изјавиле дека заради финансиските проблеми добиле чир на желудникот.
Од мигрена, исто така, страдаат 44% од луѓето кои имаат проблем со парите.