Категории

Затегнете го задникот и нозете за 10 дена: Сѐ што треба е да се движите вака! (ВЕЖБИ)

За осум недели ќе добиете затегнато тело како кај врвните спортисти. Одењето е мајка на сите вежби. Кога докторот ќе ви препорача вежбање, тој всушност мисли на тоа дека треба да се движите. Пешачењето лечи милион болести кои настануваат со тоа што не се движиме. Меѓутоа, ако сакате да бидете физички здрави, неопходно е што повеќе да пешачите, но на овој начин:

1. Силата на издржливоста

Силата на издржливоста е одлична на затегнување и обликување на нозете и задникот. Ова вежбање подразбира интензивен ритам подолг период, без никаква промена на брзината. Пред да ја направите оваа вежба, мора да бидете свесни која брзина можете да ја издржите на подол период. Поголемиот дел од луѓето пешачат 3 до 4 километри за еден час. Брзината треба да биде како кога брзате кон автобуската станица.

2. Комбинација од трчање и одење

Најпрво започнете со трчање за загревање на телото со времетраење од 5 до 10 минути. Потоаа забрзувајте кога ќе поминете околу километар. Потоа опуштете го телото и шетајте 5 минути. Потоа повторете го сето ова и продолжете со комбинацијата од одење и трчање околу еден час.

3. Одење на угорница

Брзото одење на угорница без одмор совршено го затегнува и обликува задникот. Оваа вежба исто така е одлична за срцето.

4. Исчекор

Оваа вежба одлично го обликува задникот, бутовите, стомачните мускули и рацете. Во текот на шетањето исчекорете и спуштете се ниско (ногата да ви биде под агол од 45 степени). Потоа свиткајте ги колениците под агол од 90 степени. Задржете се во таа положба, па продолжете со шетање.

5. Шетање со високо подигнати колена

Во текот на шетањето подигајте ги нозете високо (коленото доближете го речиси со брада). Како да марширате. Само што нозете мора уште повисоко да се подигаат. Оваа вежба го затегнува задникот, но и стомачните мускули.

Прегледи:
693
Објавено на:
20.06.2019