Без разлика на расположението, фризурата и шминката, дамата во црвено секогаш е забележана.
Тим на научници од Универзитетот во Рочестер спровел анкета меѓу припадниците на посилниот пол. Анкетата била на тема како реагираат на девојките во минување.
Оваа анкета открила дека мажите секогаш се вртат за жените во црвена блуза, хајлина, здолниште.. Со црвен кармин на усните..
Студијата во која девојки на секои 2 недели на профилната слика на Фотошоп менувале бои на истата маица покажала дека најголема заинтересираност за нив имало кога биле во црвена нијанса. Истите дами изгледале сосема поинаку во црвена боја, отколку во некој друг тон.
Стручните лица заклучиле дека тоа е така затоа што сме културолошки и историски научени оваа боја да ја поврзуваме со страста и љубовта. Испитаниците не криеле дека за освојување на девојка во црвено се подготвени да се потрудат повеќе и да издвојат поголема сума на пари.