Категории

Се роди мало бело кенгурче во ЗОО Скопје! (ФОТО)

„Пикси стана мама“, напишаа на официјалната фејсбук страница на ЗОО Скопје. Се роди бебето на белиот кенгур од Зоолошка градина – Скопје. Кенгурчето излезе од торбата на својата мајка, а на сликите може да видиме како всушност изгледаат малите бебиња кенгури кои се уште се во торбичката на мајката и пополека се развиваат. Кенгурчињата во торбата може да поминат и повеќе месеци, а во одредени случаи и по 450 денови.

Фотографиите се дело на фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски.

 

 

Преземено од: novamakedonija.com.mk