Категории

Едноставен колач од кокос и гриз: Уживајте во посен десерт без шеќер

Овој колач е мешавина од кокос и гриз и тоа претставува вистинско слатко задоволство. Највеќе ќе им се допадне на оние кој водат грижа за нивната исхрана како и за оние кои постат.

Потребни состојки:

  • 2 чаши гриз
  • 2 чаши брашно
  • 1,5 шолја масло
  • 1 кесичка сода бикарбона
  • 2 чаши вода
  • 3 лажици џем од јагоди
  • 2-3 лажици кокосово брашно

Доколку не сте љубител на џем, можете да го замените со некој засладувач.

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки. Тестото што ќе го добиете ставете го во тавче кое е подмачкано и посипано со брашно. Ставете го во загреана рерна и печете на 200°C околу 30 минути.

Извадете го од рерната и оставете да се излади, а потоа посипете го со кокосово брашно.

Прегледи:
2767
Објавено на:
21.07.2019