Лимонада, само малку подобра. Сјаен напиток за време на летните високи температури.
Потребни состојки:
· Лимон
· Газирана вода
· Јагоди
· Парчиња лимон
Начин на подготовка:
Направете класична лимонада со неколку лимони, но наместо обична вода користете газирана. Истурете ја во калапи за мраз и оставете да се замрзне. Кога ќе се претворат во коцки мраз, ставете ги во блендер, а потоа додадете ги јагодите.
Се заедно изблендирајте, додека не добиете мазна и течна смеса, по потреба додадете шеќер. Овој напиток треба да биде погуст од класничната лимонада. За крај, смесата истурете ја во чаши и декорирајте со парчиња лимон.