Православните христијани денеска го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица.
Ова е значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.