Ѓумбирот е познат зачин во многу кујни ширум светот. Освен што му дава посебен вкус на јадењето, ѓумбирот делува позитивно врз здравјето на човекот.
- Помага во превенција од карцином
Ѓумбирот содржи гингерол кој помага во превенцијата од карцином. Поседува против-воспалителни својства и го намалува ризикот од карцином на дебелото црево. Освен тоа, може да помогне и во спречување на карином на јајниците.
- Го чува срцето
Ѓумбирот го намалува ризикот од згрутчување на крвта, го намалува холестеролот и помага при одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.
- Ги намалува мускулните болки и ги ублажува менструалните грчеви
Ѓумбирот ги намалува болките во мускулите кои се јавуваат по интензивно вежбање, а исто така и ги ублажува болните менструални грчеви. Тој ефект се препишува на неговите против-воспалителни својства.
- Ја намалува мачнината
Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот помага во намалување на мачнината поврзана со бременост, вирози, при патување или како последица на хемотерапија.
- Ги намалува симптомите на настинка и грип
Чајот од ѓумбир значително помага во борбата со грипот и настинките. Освен при грип и вирози- се препорачува да се пие и во зимските денови бидејќи го загрева телото.
- Ја зголемува сексуалната активност
Ѓумбирот е познат и како афродизијак кој ја зголемува желбата за секс и ја подобрува сексуалната активност. Мирисот на ѓумбир влијае на привлечноста и воспоставувањето на сексуална возбуда.