Категории

Брзo и без печење: Кокос топчиња од само три состојки

Толку вкусни и лесни за правење, а само неколкумина можат да им одолеат. Дури и оние кои не се некои посебни љубители на кокос велат дека овие топки се фантастични. Еве како да ги направите.

Состојки:

  • 500 мл павлака за шлаг
  • 400 грама бело чоколадо
  • 300 грама кокос
  • плус околу 100-150 грама кокос за тркалање

Подготовка:

Павлаката за шлаг кремот загрејте ја до вриење на тивок оган. Прелијте ја со бело чоколадо. Промешајте додека чоколадото не се растопи целосно. Додадете го кокосот во смесата и убаво измешајте додека не се соедини. Оставете убаво да се излади. Можете исто така да ја ставите смесата во фрижидер за да го забрзате ладењето.

 

Со лажица, земајте од стегнатата смеса. Формирајте ги топчињата со дланките. Истркалајте ги во кокос. Вратете ги кокосовите топчиња во фрижидер. Доколку сакате можете да ставите лешник во средина.

Прегледи:
641
Објавено на:
27.08.2019