Некои нерационални мисли можат да доведат до емоционални проблеми. Со вакви мисли или некои варијации од нив, свесно ги храниме негативни емоции.
Постојат 12 нерационални мисли со кои се вознемируваме себеси и нè спречуваат да издржиме фрустрација без гнев и вознемирување. Доколку запамтите кои се овие мисли, ќе можете брзо и секогаш кога сте вознемирени, едноставно да ги отстраните од вашата глава.
Еве неколку нерационални мисли што воопшто не ни користат:
- Ако сакаме да мислиме дека вредиме нешто, многу е важно да не сакаат и почитуваат луѓето што ни се битни.
- Ако не сме исклучителни, ако не успееме да постигнеме нешто во животот, тогаш вредиме помалку од оние што успеале.
- Луѓето кои се злобни, корумпирани или подли треба да бидат сериозно обвинети и казнети за своето зло.
- Неподносливо и ужасно е кога работите не се одвиваат според она што го посакуваме со целото срце.
- Човечката несреќа ја предизвикуваат и надворешни околности па затоа, ние може да имаме мало или никакво влијание врз проблемите и тажните настани во нашите животи.
- Ако нешто е или може да стане опасно или страшно, ние постојано мора да се грижиме и упорно да го разгледуваме можностите за да го попоравиме.
- Полесно е да се избегнат животните проблеми и одговорности отколку да се соочиме со нив.
- Разумно и здраво е да зависиме од оние кои се посилни од нас и на кои можеме да се потпреме.
- Нашето минато е најважниот фактор што го одредува нашето сегашно однесување; ако нешто во минатото некогаш влијаело врз нашите животи, така ќе биде засекогаш.
- Треба да се вознемириме многу поради тешкотиите на другите луѓе.
- Нема сомнение дека постои вистинско, прецизно и совршено решение за човечките проблеми, па затоа е разумно да не правиме ништо, сè додека не се најде вистинскиот одговор.
- Верувањата на почитуваните авторитети или општеството секогаш се вистинити и не треба да бидат доведени во прашање.
Овие главни нерационални мисли можат да доведат до емоционални проблеми. Со вакви мисли или некои варијации од нив, свесно ги храниме негативни емоции. А некои нерационални мисли или неколку заедно евоцираат различни емоции, исто како што различните состојки со храна одредуваат какво ке биде приготвеното јадење.
Ако сакате да бидете стабилна личност, научете да се сомневате во вредноста и логиката на тие мисли. Нерационалните мисли предизвикуваат депресија, заедно со нејзините специфични причини – самообвинување, самосожалување и сожалување на другите, покрај тоа, се присутни и во создавањето на гневот и стравот.