Категории

Како најлесно да го заштитите домот од сите ризици и опасности?

Иако домот е нашето омилено место каде што секогаш се враќаме, каде што уживаме и се чувствуваме сигурни, сепак понекогаш ја потценуваме вредноста на домот и сите оние нешта кои го сочинуваат.


Ние всушност не сфаќаме колку предмети го сочинуваат домот и колкава е нивната вредност: опрема, мебел, пари, скапоцени предмети, уметнички предмети, документи… Освен тоа, секогаш постои ризик од различни непогоди во домот, предизвикани од инсталациите, временските непогоди, вандализам и слично.

Токму затоа, осигурување на домаќинството претставува една од најумните инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот. Сава Осигурување како компанија која важи за лидер на пазарот кога станува збор за осигурувањето и безбедноста во сите сфери на живеење, во своите пакети за домаќинско осигурување нуди сѐ што ви е потребно за сигурен и квалитетен живот.

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е опфатено во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.

Прегледи:
626
Објавено на:
11.09.2019