Во Велика Британија тоа се смета за особено непристојно
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл често ги крши кралските правила, а тоа е и причината поради која пријателите на принцот Хари не ја прифаќаат.
Овој пар од висок сталеж веќе не е добредојден на гламурозните случувања затоа што војводката не ги почитува правилата на таквите вечери.
Наводно сопружниците во вакви прилики не можат да седат еден покрај друг на масата додека другите парови се држат според протоколот на организаторите, Меган инсистира секогаш да седи покрај својот сопруг.
Тоа правило постои како би се избегнало претерано изразување на емоции и допирање помеѓу сопружниците што се смета за исклучително непристојно.
Меган и Хари не ги тргаат рацете еден од друг дури и кога се на јавни настани, а се чини дека не е ништо поинаку и на приватните вечери.