Категории

Рецепт за среќа кој треба да го практикувате секој ден

Го земаме денот и добро го чистиме од зависта, омрзата, огорченоста, алчноста, тврдоглавоста, егоизмот и рамнодушноста.

Додаваме три големи лажици оптимизам, полна рака верба, лажичка трпение, неколку зрна толеранција и на крај прстофат внимание и пристојност кон сите, а посебно кон блиските.

Целата добиена смеса ја преливаме со љубов. Сега, кога оброкот е подготвен, го украсуваме со добрина и внимание. Да се консумира секојдневно со топли зборови и љубезни насмевки кои ја греат душата и срцето.