Како што есента полека пристигна и ни ги донесе со себе сивите и темни нијанси, сепак тоа не важи и за боите на облеката ниту пак за косата. Оваа есен обидете се со нешто ново и внесете малку живост во вашиот изглед. Оваа есен во тренд се светлите костенливи и темно плави тонови на коса.
Оваа есен ацентот паѓа на светлите природни тонови како бојата мед, шампањ, темно плава, а за оние најхрабрите – ледено плава.
Balayage – техниката на осветлување на косата и понатаму е број еден и претставува одличен избор за оние дами кои сакаат да го освежат својот изглед и боја.
Прамените на различни тонови и понатаму се актуелни, тие изгледаат убаво и не бараат постојано одење на фризер на крекции. Бакарните нијанси во вид на дискретни прамења се иделен избор за бринетите и оние со темна боја на коса кои се во потреба по промена.
За смелите дали и оние кои сакаат да бидат забележана, вистински избор е светло плавата боја и ледената нијанса.
Повторно во тренд е и пепеласто плавата боја која беше популарна во ’90-тите а најмногу ќе им прилега на дамите со светол тен.