Категории

Идни наши уметници, креативци и потенцијални мајстори!

Институтот Креативна Македонија со голем ентузијазам работи на задачата што си ја зададе, а тоа е креативно да ве инспирира, да ве мотивира и поттикне да научите нов занает, техника или да се обидете да го пронајдете она што ви „лежи“.

За таа цел продолжуваат со креативните работилници!

08.10.2019 работилница Декупаж, гуру за декупаж е Славица Трчкова Craft time . Техниката на украсување на секаков вид материјал, со кој ќе им се даде нова енергија и живост на предметите што ве опкружуваат е вашето потенцијално идно хоби, професија или „опсесија“.

На 15.10.2019 учиме јога на мозокот- техника која релаксира, ја подобрува меморијата и усреќува позната како плетење. Мајстор на јапонската вештина за плетење Амигуруми е Весна Стефановска Bambus, придружувана од Наташа Пеливанова, која е задолжена да ви асистира на ова патување.

На 19.10.2019 сликаме и изработуваме накит од дрво и епоксидна смола. Модерна техника за изработка на секакви парчиња накит, која го освојува светот. Марина Јакшиќ од Atelje Marjak заедно со Atelje Siena е вашиот креативен мајстор.

Заедно да се дружиме, учиме и инспирираме!

Прегледи:
829
Објавено на:
24.09.2019