Категории

Зошто жените ги изневеруваат мажите кои ги сакаат?

Денес е веќе јасно дека во изневерувањето и минливите афери подеднакво се впуштаат и мажите и жените, но интересен е фактот дека во женските изневерувања се кријат многу подлабоки причини.

Дали некогаш сте се се запрашале зошто жените изневеруваат? Ако да, тогаш еве ги одговорите.

Партнерот не го цени трудот
Ваквите ситуации не се реткост – партнерот често не забележува колкав труд вложува жената во на пример припремата на некое случување, својот изглед, или самата врска. Емотивната потврда и чувство дека партнерот го цени нејзиниот напор, на жената и се доста важни.
Ако изостанат, се накупуваат фрустрации и незадоволство. Во такви ситуации многу е лесно другата личност да се одлучи на прељуба.

Осветата е слатка
Верувале или не овој е еден од најчестите причини затоа што жените изневеруваат. Дамите кои се особено верни во партнерските односи, најверојатно ќе извршат неверство доколку срцето им е скршено. Да појасниме, изневерувањето од одмазда не се случува само ако жената е изневерена, можно е да посегне по тоа и доколку е лута, огорчена и сита од сите проблеми во врската.

Потрага по романса и интимност
Знаеме дека жените често се заљубуваат во мажи кои знаат да се додворуваат, кои се великодушни и знаат да слушаат, но како поминуваат годините во заедничкиот живот, тие мали нешта кои некогаш ја правеле врската, сега исчезнуваат.
Во еден миг, жената помислува дека најверојатно постои маж на светот кој ќе можи да и удоволи во нејзините желби и знае како да го одржи „пламенот“. Еднаш кога таа ќе го сфати тоа, големи се шансите дека ќе тргне во потрага.

Однос кој умира
Без обзир на тоа колку жената го сака својот партнер, ако почувствува дека врската се гасни или се ближи кон крајот, можно е да побара замена за новата празнина во животот со цел полесно да го преброди раскинувањето. Тука може да се работи и за неозбилна личност која не може да поднесе да остане сама. Сериозните жени ретко го бираат овој пат и сметаат дека влегувањето во нова врска може само додатно да го наруши нивниот мир.