Категории

Жени внимавајте: Грешки во утринската рутина кои прават да изгледате 10 години постаро

Правилната утринска рутина може значајно да влијае врз вашиот изглед во текот на целиот ден

Многу дами, не се свесни за грешките кои ги прават во текот на нивната утринска рутина а тие го нарушуваат нивниот младолик изглед. Потрудесете да ги избегнувате овие грешки и да го задржите свежиот младолик изглед на вашето лице уште долго.

Претерано третирање на кожата
Сувото лице додава уште неколку години повеќе. Претераното чистење на лицето предизвикува исушување на кожата, а брчките токму тогаш стануваат највидливи. Длабинското чистење на лицето се препорачува пред спиење, додека наутро се препорачува само миење со топла вода.

Го скокнувате нанесувањето на заштитен фактор
Освен што штити од УВ зраци, кои ги има и во текот на студените месеци, кремовите со заштитен фактор спречуваат и други штетни влијание како и предвремено стареење.

Недоволно внесување на течности
Ако вашата утринска рутина подразбира шолја кафе, никако не заборавајте покрај неа да испиете и една чаша вода. Хидратацијата на телото е од исклучителна важност.

Премногу пудра
Прекривањето на неправилностите на кожата на лицето со дебел слој на пудра ќе ве направи постари затоа што ќе ги истакни порите, а ова правило особено важи за во зима кога кожата е додатно исушена.

Недоволна заштита на пределот околу очите
Пределот околу очите е првиот показател на староста а грижата за него е од клучна важност доколку сакате да го сочувате младешкиот изглед. Употребата на креми за подрачјето околу очите наутро е обавезна.

Прегледи:
385
Објавено на:
19.10.2019