Категории

Хороскоп – прекрасна поврзаност на Месечината, Јупитер, Сатурн и Венера: во наредните денови нè чекаат големи промени во животот

Чудесната поврзаност на небото ни носи големи промени – судбината ќе нè изненади во наредните денови!

Овој месец поврзаноста на Месечината, Јупитер, Сатурн и Венера ќе биде видлива на небото. Оваа позиција на Месечината ќе трае 5 дена, па ако имате двоглед, не заборавајте да проверите што се случува на небото! Сите сме заинтересирани за тоа како функционира оваа поврзаност на хороскопските знаци и на што треба да обрнеме внимание.

 

Врската на Месечината со Јупитер, Сатурн и Венера ни носи тивок период. Сепак, некои знаци се пред бурни настани. Ако се чувствувате чудно, знајте дека е минливо и дека се виновни Месечината и нејзините планети.

 

Вечерва, недалеку од планетата Јупитер, ќе се појави полумесечина, а утре ќе се случи нивно раздвојување, така што Месечината ќе стигне до останатите две споменати небесни тела – Сатурн и Венера.

 

Оваа недела нема да помине без проблеми ако не сте расчистиле со повиците од минатото. Сè е во знак на промена, затоа обрнете внимание на зборовите што ги кажувате. Афектните зборови можат да направат проблем дури и следната недела, затоа ве советуваме „размислувајте пред реакција“.

 

Не влегувајте во дискусија и не одговарајте без непотребна итност. Кој ќе се совлада овие денови, сè ќе помине мирно, а кој ќе реагира бурно, ќе наиде на спротивставени коментари.

 

Во однос на љубовните врски, Месечината во оваа поврзаност ќе ја разбуди страста во овој период. Нагласена е и љубомората, но сигурно ќе има поголема нежност и предизвици на кои ниеден хороскопски знак нема да одолее. Венера носи со себе „долг“, па кога станува збор за емоции, можно е минатото да затропа на вратата. Најдобар рецепт е да ја насочите вашата енергија на нешто позитивно и да избегнете конфликт.

 

Веќе на почетокот на следната недела ситуацијата ќе биде многу поблага и ќе изгледа дека сè оди добро. Месечината и Сатурн ќе донесат позитивни промени што можете да ги искористите за да започнете нови проекти и да реализирате стари идеи. Деновиве, ќе донесете паметни одлуки и тоа ќе бидат успешни работни денови.

 

Оваа недела ви дава шанса да ги свртите работите во своја полза, затоа дефинитивно треба да се искористи. Погледнете ги работите во тишина и размислете внимателно пред да ве совладаат емоциите. Дочекајте ја балансирано следната недела!

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
311
Објавено на:
07.10.2019