Категории

Го прашале професорот зошто никогаш не се оженил? Неговиот одговор ги замислил!

Студентите го запрашале својот професор: „Вие сте толку мудри и искрени. Сите ве почитуваат, сакаат да ве имитираат и ве следат. Но, сепак нѐ интересира една работа, зошто сѐ уште не сте оженет?“

Професорот, затечен со ова прашање, на почетокот се двоумел, но набргу почнал да се отвора:

„Видете, јас отсекогаш ја барав совршената жена! И во тоа барање, пропатував многу земји.

Еднаш сакав една преубава девојка. Беше неверојатно, неверојатно убава. Ниеден маж не би можел да одолее на нејзината убавина. Но за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па се разделивме во извесно време.

Потоа сретнав една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но, за жал, карактерите ни беа сосема различни и моравме да ја прекинеме врската. Оттогаш запознав многу прекрасни жени, но јас сѐ уште трагав по онаа совршената.“

„И што се случи, зарем не сретнавте таква?“

„Сретнав. Еден ден се појави токму таква: совршена жена – паметна, убава, магична, продуховена, елегантна, добра… едноставно кажано: чисто совршенство!“

„И тогаш ја оженивте?!“, воодушевено и нестрпливо прашале студентите.

„Не! На мое големо разочарување, се покажа дека таа бара – совршен маж!“

Многумина од нас го бараат „совршенството“ кај другите, а не работат на своето „совршенство“.