Категории

Најевтино во животот е кога сам ќе си платиш!

Можат да ми го направат патот со трња. Можат да не престанат да ме плукаат, да фрлаат по мене со камења, да зборуваат лаги за мене, да ме оговараат со кафето, бидејќи немаат попаметна работа, од љубомора, подлост и пакост.

Можат да ме газат и да ги рушат темелите на мојата среќа, но од каде идејата во болните умови дека тоа ќе им успее, само да знам?

И секој пат кога ќе ме срушат, не знаат нешто ‘ситно’ за мене. Бргу станувам, не кукам, се собирам, насмевка широка и тргнувам со јуриш напред.

Нив обично по патот ги сретнувам, им се насмевнувам, ги поздравувам и одам напред.. Не сум јас родена за освета. Животот ме научи, на никој да не му посакам зло.

Колку и да биле неуморни во своите обиди. Кога тогаш ќе мораат да се позабават со своите маки и јадови. Во своите неволји. Бидејќи некој од горе гледа се’ и запушува.

 

 

Преземено од: o3zona.net

Прегледи:
795
Објавено на:
04.11.2019